Yusuf Özcan
25 Октомври 2020•Ажурирај: 26 Октомври 2020
ПАРИЗ (АА) - Франција соопшти дека на консултации го повикала Ерве Магро, амбасадорот на оваа земја во Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од Елисејската палата се наведува дека неприфатливи се изјавите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, за францускиот претседател Емануел Макрон.
Покрај тоа, во соопштението се вели дека францускиот амбасадор во Турција, Ерве Магро, се повикува да се врати во земјата на консултации.
- Изјавите на Ердоган -
Претседателот на Турција, Ердоган, во изјавата што ја даде ги употреби следните изрази:
„Каква врска има лицето што се вика Макрон со исламот, што е неговиот проблем со муслиманите? На Макрон му е потребно лекување од ментален аспект.
Што друго може да се каже за еден шеф на држава, кој не се разбира во независноста на верувањето, слободата на верувањето и кој на овој начин се однесува кон милиони луѓе од различни религии кои живеат во неговата земја, освен дека превенствено му е потребна контрола од ментален аспект. Постојано се занимаваш само со Ердоган. Справувањето со Ердоган тебе нема да ти донесе ништо. И онака за една година има избори. Неговата судбина ќе ја видиме на изборите. Не верувам дека твојот пат е многу долг.“