Alaattin Doğru
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
ПАРИЗ
Во Франција граничната безбедност е двојно зголемена поради зголемените терористички напади, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Емануел Макрон во изјавата што ја даде во Источни Пиринеи на границата помеѓу Франција и Шпанија, истакна дека обезбедувањето на границите е двојно зголемено како дел од борбата против терористичките закани, шверцот и илегалната имиграција.
Наведувајќи дека бројот на безбедносните сили на границите е зголемен од 2.400 на 4.800, Макрон додаде дека одлуката е донесена поради зголемувањето на терористичката закана во земјата.
Претседателот на Франција рече дека извршители на терористичките акти се оние кои влегле во земјата преку премините на бегалците.
Истакнувајќи дека се залага за зголемување на граничните контроли во шенгенските области, Макрон нагласи: „Ќе дадеме предлог во оваа насока на Самитот на лидерите на Европската Унија (ЕУ) во декември.“
На 29 октомври беше извршен напад со нож во црквата „Нотр Дам“ во Ница, на југоистокот од Франција. Во нападот загинаа 3 лица, а многу лица беа повредени.
Францускиот обвинител за борба против тероризмот, Жан Франсоа Ричард, соопшти дека напаѓачот бил 21-годишен Тунижанец кој пристигнал на италијанскиот остров Лампедуза на 20 септември, а на 9 октомври стигнал во Франција.