Esra Taşkın
10 Март 2022•Ажурирај: 11 Март 2022
ПАРИЗ (АА) - Франција, која најави дека ќе обезбеди воена опрема и помош во гориво за администрацијата во Киев, не споделува информации за видот на оружената поддршка што ѝ ја испрати на оваа земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на „Ле монд“, париската администрација е многу внимателна во однос на поддршката и испораката на оружје за Украина.
Откако Владата испрати заштитна опрема, шлемови и панцири до администрацијата во Киев, претседателот Емануел Макрон и францускиот министер за надворешни работи, Жан Ив Ле Дријан, на 6 март изјавија дека поддршката за Украина е ограничена на помош од воена опрема и гориво.
Во меѓувреме, дипломатски извор истакна дека Франција во периодот од 28 февруари до 3 март испратила неколку десетици противтенковски ракети „Милан“ на Украинската армија преку полската граница.
Причината зошто администрацијата на Макрон постепено доставува воена помош во Украина лежи во нејзината желба да ги зачува каналите за комуникација со Русија.
Се наведува дека оружјето испратено од Франција почнало да се користи на терен во Украина.
И покрај поставените прашања, француското Министерство за надворешни работи се воздржува од коментари за природата и деталите на оружјето испратено во Украина, а исто така, и Генералштабот не споделува информации за неговата содржина.