Ekip
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот премиер, Бернард Казанев, изјави дека во оваа година се спречени 17 напади во земјата, и дека ќе побараат од парламентот да се продолжи вонредната состојба до 15 јули, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи по вонредната состојба на кабинетот денес Казанев нагласи дека парламентот за неговиот предлог ќе гласа наредната недела. Додаде дека петотто продолжение на вонредната состојба е „апсолутно неопходно” за да се обезбеди најголемо можно ниво на заштита во земјата поради претседателските и општите избори следната пролет.
Казанев смета дека предизборниот период со повеќе политички состаноци и собирања ќе го зголеми ризикот од напади „на оние кои сакаат да ги нападнат нашите демократски вредности на републичките принципи кои ги носиме во срцето”.
Во Франција е на сила вонредната состојба од смртоносниот терористички напад во Париз 13 ноември 2015 година.