Ekipa
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Високо француски безбедносен функционер вели дека од безбедносни причини на границите на оваа земја се вратени повеќе од 18.000 лица, по терористичките напади во Париз на 13 ноември минатата година, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој додаде дека 18.000 луѓе се вратени врз основа на доверливи информации, или поради сомнителни документи, а направени се околу 32 милиони гранични проверки по нападите во Париз во ноември. Официјалното лице, кое не е овластено да зборува во јавноста, не можеше да каже каде овие луѓе се испраќаат или колку од нив биле уапсени.
Франција ја засили безбедноста на своите граници, по терористичките напади минатата година кога беа убиени 130 лица.
Бернар Казнев, министер за внатрешни работи на Франција неодамна изјави дека границите ќе бидат строго надгледувани за време на Европското фудбалско првенство од 10 јуни - 10 јули.