Esra Taşkın
18 Јули 2024•Ажурирај: 23 Јули 2024
ПАРИЗ (АА) - Приведен е неонацист во Франција под сомнение дека планирал напад за време на Олимписките игри што ќе се одржат во Париз од 26 јули до 11 август, пренесува Анадолу.
Во градот Колмар, сместен во источниот дел на земјата, вчера француската полиција приведе 20-годишно лице - неонацист, чие име не се соопштува, под сомнение дека планирал напади за време на Олимписките игри, објавија националните медиуми.
Во вестите се наведува дека станува збор за лице кое на социјалната мрежа Телеграм раководи со неонацистичка група наречена „Француски ариевски сојуз“ и во таа група го користел прекарот „Панцер“, што на германски значи „тенк“ и се однесува на тенковите што ги користела војската на нацистичка Германија во Втората светска војна.
Приведеното лице е осомничено дека планирало напад врз спортистите кои ќе го носат олимпискиот факел.