Ekipa
06 Март 2025•Ажурирај: 07 Март 2025
ПАРИЗ (АА) - Руски борбен авион Су-35 изврши „блиско и непрофесионално“ пресретнување на француското беспилотно летало MQ-9 што оперира во меѓународниот воздушен простор над Источниот Медитеран, соопшти француското Министерство за одбрана, пренесува Анадолу.
Снимката објавена од француската војска ги покажува моментите од блиското приближување на рускиот авион до беспилотното летало MQ-9.
Пресретнувањето се случило на 2 март, се наведува во соопштението објавено на официјалниот профил на француската војска на социјалните мрежи.
За природата на маневарот не се дадени други детали, но во соопштението е опишан како небезбеден.