Mevlüt Özkan
20 Февруари 2025•Ажурирај: 21 Февруари 2025
ИСТАНБУЛ (АА) - Франција денес официјално се повлече од својата единствена воена база на Брегот на Слоновата Коска, пренесуваат локалните медиуми, јавува Анадолу.
На церемонијата по повод затворањето на базата присуствуваше францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну.
Земјата, поранешна француска колонија, останува отворена за воена соработка со Франција, како што претходно најави министерот за одбрана на Брегот на Слоновата Коска, Тене Бирахима Уатара.
Воениот камп Порт-Буе, кој досега беше познат како база на 43. Пешадиски баталјон на француската морнарица и се наоѓа во близина на поранешната престолнина Абиџан, ќе биде преименуван во чест на првиот началник на Генералштабот на Армијата на Брегот на Слоновата Коска, Томас д’Акен Уатара.
Француското воено присуство во Африка во последниве години значително се намали, откако неколку земји во регионот, меѓу кои Чад, Мали, Нигер и Буркина Фасо, ги протераа француските сили.
Француските трупи во моментов остануваат во Џибути и Габон, две земји кои не сигнализираа промени во договорите со Париз за неговото воено присуство.