Ekip
26 Август 2016•Ажурирај: 27 Август 2016
ПАРИЗ (АА) - Највисокиот администравен суд во Франција денес ја суспендираше забраната за носење на буркини на плажите на поединечни летувалишта во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Пресудата на Врховниот управен суд се однесува конкретно на суспензијата на одлката за забрана на носење на буркини на плажите на градот Вилнев Лубе на француската ривиера, но се очекува да биде испочитувана и од останатите 30-тина француски градови кои донесоа слични одлуки кога станува збор за носење на буркини, облека која на плажата ја носат муслиманките со хиџаб.
Апелација до судот поднесоа две организации кои се занимаваат со заштита на човековите права наведувајќи дека одлуките за забрана ја кршат основната слбода и дека градоначалниците кои донеле такви одлуки ги прекршиле сввоите овластувања така што им сугерирале на жените што да носат на плажа.
Одлуките на градоначалниците на неколку француски летувалишти за забрана на носење на буркини на плажите се донесени по терористичкиот напад во Ница во средината на јули при што веднаш се покрена дебата во целиот свет.
Адвокатот Патрис Спиноси, кој ја претставува Лигата на човекови права, за новинарите изјави дека оваа пресуда би требала да преседан според кој би требале да се однесуваат и останатите градоначалници во Франција во чии градови беа на сила одлуките за забрана на буркини. Тој изјави и дека по денешната пресуда жените кои се казнети поради носење на буркини, имаат право да поднесат жалби.