Adem Şalvarcıoğlu
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Американската сојузна држава Хаваи за еден месец беше погодена од 9.900 земјотреси, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Американскиот центар за геолошки истражувања соопшти дека по активирањето на вулканот Килауеа, на Хаваите беа регистрирани 9.900 земјотреси“, објави „Си-ен-ен“.
Најсилниот земјотрес беше регистриран на 4 мај, а јачината беше 6,9 степени, според Рихтеровата скала. Истиот ден, се активира вулканот Килауеа, кој продолжува да исфрла пепел и лава.
Лавата од претходно споменатиот вулкан, досега претвори 117 куќи во пепел. Од областа Пуна беа евакуирани повеќе од 1.000 луѓе.
Лавата се прошири на површина од 20 квадратни километри.