Şenhan Bolelli
13 Декември 2019•Ажурирај: 13 Декември 2019
МАДРИД (АА) - Владините институции и приватните компании во Шпанија сè почесто се изложени на кибернапади, а државните агенции тврдат дека зад овие напади стојат хакери од Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во последните неколку месеци се забележани дури 36 кибернапади на државните институции и на голем број приватни компании во Шпанија“, пишува во текстот на шпанското списание „Ел Паис“ (El Pais), што се повикува на Националниот криптолошки центар при Разузнавачката служба на Шпанија.
Во текстот се наведува дека зад кибернападите врз Министерството за одбрана, банки, адвокатски уреди и воени компании, стојат хакерски групи со седиште во Русија, Иран, Кина и Северна Кореја.
Откриено е дека станува збор за хакерските групи APT29 и „Снејк“ (Snake) (Русија), APT39 и APT33 (Иран), „Кобалтна банда“ (Северна Кореја) и „Емисари панда“ (Emissary Panda) (Кина).