Rania R.a. Abushamala
04 Септември 2025•Ажурирај: 06 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Палестинската група Хамас денес соопшти дека се согласила за формирање независна национална администрација составена од технократи за управување со Појасот Газа, пренесува Анадолу.
„Хамас сè уште чека одговор од Израел на предлогот изнесен од медијаторите на 18 август, кој беше прифатен од групата“, се додава во соопштението.
Хамас повтори дека е подготвен да постигне сеопфатен договор „што би вклучил ослободување на сите израелски заробеници во замена за договорен број палестински затвореници што се држат во израелските затвори, ставање крај на војната во Газа, повлекување на сите окупаторски сили, отворање на премините за да се овозможи влез на сите потребни залихи во Појасот и започнување на процесот на обнова“.