Fahri Aksüt
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
АНКАРА
Силите лојални на Калифа Хафтар денес прогласија еднострано примирје за време на муслиманскиот свет месец Рамазан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Либиската национална армија (LNA), Ахмед ал Мисмари, изјави дека воените операции ќе бидат паузирани за време на месецот на постот.
Тој сепак истакна дека ЛНА има право да одговори на секоја воена акција и додаде дека не се откажале од своите цели.
Неколку часа претходно, силите на Хафтар нападнаа воен здравствен објект во Триполи со две ракети.
Еден здравствен работник загина, а шест службеници се повредени.
Исто така, како последица на нападите изби пожар во јужниот дел на Триполи.
Во видеопорака објавена во понеделникот, Хафтар еднострано се прогласи за лидер на Либија.
Укажувајќи на уличните демонстрации во областите под негова контрола, тој истакна дека „го прифатил мандатот на либискиот народ“ да управува со земјата.
Тој рече дека политичкиот договор „Сухејрат“, потпишан во 2015 година од страна на завојуваните страни во Либија, под покровителство на ОН, е „нешто од минатото“.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власт беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои претежно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.