Alaattin Doğru
09 Декември 2020•Ажурирај: 09 Декември 2020
ПАРИЗ (АА) - Во францускиот регион Савоја се урна хеликоптер на Француската воздухопловна служба (SAF). Во несреќата животот го загубија 5 од 6-те лица што се наоѓале во хеликоптерот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека во несреќата животот го загубиле три лица од воздухопловната спасувачка екипа и двајца припадници на Републиканската гарда.
Во својата објава на социјалните мрежи, претседателот Макрон, информирајќи дека едно лице е спасено, на семејствата на загинатите им изрази сочувство и поддршка во име на народот на Франција.
Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманин, соопшти дека заедно со претставници на власта ќе го посети местото на несреќата.
Гувернерството Савоја објави дека несреќата се случила синоќа, околу 19:00 часот, кога хеликоптер на Француската воздухопловна служба се урнал на надморска височина од околу 1.800 метри, недалеку од местото Бонвилар.
Во соопштението се вели дека во хеликоптерот се наоѓале четворица претставници на Француската воздухопловна служба и двајца патници.