Gökhan Ergöçün
04 Ноември 2026•Ажурирано: 04 Ноември 2026
Фјучерсите на енергентите бележат тренд на опаѓање по значајните позитивни изборни резултати на демократите на средномандатните избори во САД, јавува Анадолу.
До 9:45 часот по Гринич, фјучерсите за нафтата од типот Брент паднаа за 0,8 % на 102,7 долари за барел, додека нафтата од типот ВТИ поевтини за 0,25 % на 95,8 долари.
Европскиот индекс за гас падна за околу 2 % на 89,9 евра (101,2 долари) за мегават-час.
Цените на нафтата за греење се намалија за 0,15 % на 4,5 долари за галон.
Вредноста на благородните метали порасна, додека индексот на американскиот долар првично забележа пад по изборните резултати, кои покажаа дека републиканците губат позиции во рамките на таканаречениот „син бран“.
Ваквиот исход предизвика загриженост за можна блокада во Конгресот, при што Трамп предупреди дека ќе стане „Господин Вето“.