Gamze Türkoğlu Oğuz
14 Септември 2019•Ажурирај: 15 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во периодот на Студената војна ги дресирала птиците, делфините, мачките и песовите за потребите на тајните задачи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот „Би-би-си“ (BBC) објави текст, повикувајќи се на документите од кои ЦИА ја отстранила ознаката за тајност, во која се наведува дека оваа агенција во времето на Студената војна користела гулаби за да забележи фотографии на чувствителните подрачја во Советскиот Сојуз.
Челниците на ЦИА верувале дека животните се незаменливи во извршување на тајни задачи, па така во седумдесеттите години во операцијата под кодно име „Tacana“ бил користен гулаб на кој биле прицврстени мини камери. Исто така, во друга акција врана поставила микрофони на прозорец на една зграда во Европа, иако тогаш не се дошло до никакви тонски записи.
За да се утврди дали Советскиот Сојуз тестирал нуклеарно оружје, ЦИА размислувала и за вградување на специјални сензори на птиците преселнички. Освен тоа, во операцијата под кодно име „Acoustic Kitty“ на мачките се вградувани направи за прислушкување.
ЦИА кон крајот на шеесеттите за целите на подводните операции се обидувала да ги користи делфините и за таа цел извршила неопходни тестирања за ставање сензори на делфините со кои би се идентификувале советските нуклеарни подморници.
Американската агенција објави и истражување на тема дали делфините се способни да постават пакет на брод во движење, како и тестови во кои со помош на електрицитет давале инструкции од голема оддалеченост.
Во текстот се наведува дека ЦИА, од 1967 година, на програмите за дресирање, на делфините, птиците, мачките и песовите, за целите на тајните задачи потрошила повеќе од 600.000 долари.