Gökhan Varan
12 Декември 2020•Ажурирај: 14 Декември 2020
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу разговараше со иранскиот колега Џавад Зариф и притоа порача дека се неприфатливи изјавите на Иран насочени против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите од дипломатски извори, Чавушоглу телефонски разговарал со Зариф, а во текот на кој станало збор за ставовите и изјавите на Иран во врска со песната која турскиот претседател Ердоган ја прочитал во текот на обраќањето за време на посетата на Баку.
Министерот Чавушоглу му пренел на колегата Зариф како е спомнатата песната за Карабах и дека претседателот Ердоган не говорел за Иран.
Напомена дека постоеле бројни канали преку кои за оваа тема можеле да и се пренесат пораки на Турција и порача дека е „неприфатливо давање на неосновани и тешки изјави насочени кон претседателот Ердоган од страна на Иран".
Потсети дека Турција му била поддршка на Иран во време кога на таа земја сите и го свртеле грбот и дека се разочарани поради фактот дека тоа е заборавено, како и поради тешките изјави против Ердоган.
Амбасадорот на Иран во Анкара Мухамед Феразменд вчера е повикан на разговор во Министерството за надворешни работи н Турција за да се искаже реакција за неоснованите обвинувања на сметка на претседателот Ердоган.
На иранскиот амбасадор му е кажано дека повикувањето на амбасадорот на Турција во Техеран, Дерје Орс, и изнесувањето на неоснованите обвинувања на сметка на турскиот претседател е начин на кој во Иран се создава кампања на омраза кон Турција.
Изворите наведуваат дека на Феразменд му е кажано дека обвинувањата во потполност се отфрлени и дека постојат канали со Турција преку кои може да се изрази незадоволство за било кое прашање и дека е неприфатливо министер за надворешни работи на Иран Џавад Зариф преку Твитер да изнесува неосновани обвинувања.