Tuba Şahin,Can Erözden
17 Октомври 2018•Ажурирај: 18 Октомври 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Челничката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, го откажа учеството на економската конференција „Future Investment Initiative“ што ќе се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, јавува Anadolu Agency (AA).
Соопштението на ММФ за откажувањето на учеството на директорката Лагард на конференцијата во Ријад е објавено во екот на истрагата за исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
Конференцијата ќе се одржи од 23 до 35 октомври под покровителство на првиот престолонаследник, Мухамед бин Салман.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост" (The Washington Post) Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во комплексот на Конзулатот во Истанбул. Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, кој претставува главна патформа на саудиските реформисти.