Mücahit Aydemir
30 Јуни 2021•Ажурирај: 01 Јули 2021
НИОН (АА) - Состаноците на либискиот Форум за политички дијалог што се одржува во Швајцарија под водство на Обединетите нации (ОН) се прекинати поради случаи на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите на дописникот на АА добиени од членовите на Форумот, на третиот ден од состанокот, Ковид-19 е откриен кај двајца од членовите.
На Форумот кој се одржува во градот Нион, Швајцарија, се разговара за правната инфраструктура на парламентарните и претседателските избори во Либија планирани да се одржат на 24 декември.
Поради одлуката на официјалните лица на Форумот да се тестираат членовите на Форумот за политички дијалог, утринските состаноци беа одложени за напладне.
Како резултат на првиот состанок на либискиот Форум за политички дијалог, кој беше инициран за политичко решение на либиската криза под раководство на ОН, беше одлучено изборите да се одржат на 24 декември 2021 година.
Првиот состанок беше одржан во ноември 2020 година.