Atila Altuntaş
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
СТОКХОЛМ (AA) - Во шведскиот град Еребру, запалена е џамија во којашто истовремено можат да се молат 250 верници, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на противпожарната бригада во Еребру, Улф Јакобсен, изјави дека екипите интервенирале во два часот по полноќ, но џамијата била целосно уништена.
Јакобсен изјави дека во несреќата нема жртви или повреди, но собраните докази укажуваат на тоа дека пожарот бил намерно предизвикан.
Гасењето на пожарот го следеа десетици верници.
Џамијата е изградена во 2007 година, во населбата Вивала.