Atila Altuntaş
25 Мај 2022•Ажурирај: 26 Мај 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската државна телевизија СТВ реализира интервју со Салих Муслим, еден од челниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во американската воена база во северниот дел на Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто на СТВ реализирано во период кога Турција ја истакна својата резерва во врска со членството на Шведска во НАТО, челникот на оваа терористичка организација нагласи дека имаат доверба во Шведска.
Во веста на шведската државна телевизија е пренесено тврдењето на Муслим дека „оваа северноевропска земја само за да биде член во НАТО, никогаш нема да ја прифати ЈПГ како терористичка организација и дека нема да одговори позитивно на барањата на Турција во врска со членството во НАТО“.
Забележано е дека Салих Муслим не сакал да одговори на прашањето на новинарот во врска со тоа дали ЈПГ е поврзан со ПКК.
На снимките кои шведската државна телевизија ги снимила во регионот, привлекуваат внимание и фотографиите на челникот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, кои биле поставени на повеќе места.