Dilara Küçükerdoğan
19 Септември 2022•Ажурирај: 20 Септември 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека уште шест брода натоварени со жито испловиле од украинските пристаништа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на турското Министерство се нагласува: „Испораката на жито продолжува според планираното. Денес од украинските пристаништа испловија шест брода.“
Туркије, Обединетите нации (ОН), Русија и Украина на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за продолжување на извозот на жито од три украински пристаништа во Црното Море, кој беше прекинат од почетокот на Руско-украинската војна во февруари.
Во Истанбул е формиран Заеднички координативен центар со официјални претставници од трите земји и ОН за надгледување на испораките.