Rabia İclal Turan
08 Април 2023•Ажурирај: 11 Април 2023
ВАШИНГТОН (АА) - Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Бил Брнс, престојуваше во ненадејна посета на Саудиска Арабија, изразувајќи ја фрустрацијата на Вашингтон поради неодамнешното приближување на Ријад кон Иран, пренесува Анадолу.
Брнс на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Селман му рече дека САД се фрапирани од Ријадовото приближување кон Иран и Сирија, глобалните ривали на Вашингтон, се наведува во извештајот на „Волстрит журнал“.
Повикувајќи се на неименувани извори, „Волстрит журнал“ објави дека Брнс со саудиските власти разговарал за соработката во разузнавачките служби и борбата против тероризмот.
Пекинг минатиот месец беше домаќин на официјални претставници на долгогодишните регионални ривали Ријад и Техеран, каде се договориле да ги обноват дипломатските односи.
Иран и Саудиска Арабија ги прекинаа односите во 2016 година по насилните протести пред саудиската Амбасада во Техеран, откако беше егзекутиран шиитски свештеник во Саудиска Арабија.
Министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Иран се состанаа во Кина во четвртокот, што е нивен прв состанок по повеќе од 7 години.