Ekip
26 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ГЛАЗГОВ
Во центарот на најголемиот шкотски град Глазгов денес најмалку три лица се избодени до смрт, додека еден полицаец е повреден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Полицијата го опколи центарот на Глазгов, а вооружени полицајци се видени во хотел во улицата Вест Џорџ, која е потполно блокирана.
Локалните медиуми јавија дека полцијата била принудена да го застрела осомничениот.
Репортерот на LBC, Фрејзер Најт на Твитер објави:
„Извештаи за повеќе избодени лица во центарот на Глазгов и потенцијален голем инцидент со повеќе од 20 полициски возила, нереди, вооружени полицајци и службеници на итна помош во улицата Вест Џорџ“.
Една жена по име Луиза за локалните медиуми изјави дека видела крвави луѓе на кои им се пружа помош.
„Луѓето излегуваа од хотелот додека полицијата им викаше да дигнат раце во воздух. Насекаде по улицата имаше полициски автомобили и возила на итна помош“, изјави Луиза.
Од полицијата на Глазгов рекоа дека службите за вонредни ситуации моментално се занимаваат со инцидент на улицата Вест Џорџ во Глазгов.
„Улицата во моментот е затворена и од јавноста се бара да го избегнува тоа подрачке. Во моментов ситуацијата е под контрола и не постои опасност за пошироката јавност “, истакнаа од полицијата.
Шкотската полициска федерација објави на Твитер дека добила извештај дека полицаец бил прободен со нож во инцидент во центарот на Глазгов и дека нивните службеници биле на местото на настанот за да ја дадат целата неопходна поддршка.
„Ве молиме, следете ги советите и избегнувајте го подрачјето на улицата Вест Џорџ во Глазгов додека шкотската полиција го испитува инцидентот“.