Ekip
15 Април 2017•Ажурирај: 15 Април 2017
ТОКИО (АА) - Фумио Кишида, јапонскиот министер за надворешни работи, изјави дека неговата земја мора да остане внимателна поради Северна Кореја, дури и откако во таа изолирана држава ќе се заврши прославата Денот на сонцето овој викенд, јавува Anadolu Agency (AA).
Кишида го изјави ова коментирајќи ја големата воена парада која по повод на 105.роденден на покојниот основач на земјата Ким Il Сунг денес се одржува во Пјонгјанг.
Кишида напомена дека се очекуваат уште слични настани во Северна Кореја во текот на април и додаде дека постои можност да покренат акција во такви околности.
Северна Кореја има уште еден голем воен празник, а тоа е 25.април, кога вооружените сили го одбележуваат тој ден.
Кишида нагласи дека Јапонија во потполност мора да биде подготвена да преземе различни мерки, но не прецизираше за какви мерки станува збор.
На крајот додаде дека Владата на Јапонија е во контакт со десетици илјади свои државјани кои живеат во Јужна Кореја и дека имаат план за непредвидливи ситуации.