Zeynep Tüfekçi Gülay
10 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АДЕН
Единаесет новинари во Јемен се во рацете на Хусите кои се поддржани од Иран и терористичката организација Ал Каеда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синдикатот на новинари во Јемен со соопштение во пишана форма, објавена по повод Денот на новинарите во Јемен, информираше за состојбата на медиумските работници во земјата.
„Денот на јеменските новинари дојде, а сѐ уште 11 новинари се во рацете на Хусите и Ал Каеда“, се вели во соопштението.
Покрај тоа, Синдикатот на новинарите информира дека десетмина од новинарите се приведени од страна на Хусите, а еден од Ал Каеда во провинцијата Хадрамевт.
Во соопштението се наведува дека од 2014 година, кога започна граѓанската војна во земјата, се случиле повеќе од 1.400 прекршувања врз медиумите и новинарите.