Hacer Başer
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
САДА (AA) - Од војската на Јемен соопштија дека вкупно шест лица загинале, меѓу кои и командант на Хусите, во настанатиот судир во градот Сада кој се наоѓа во северниот дел на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската интернет страница на јеменската војска, 26sepnews.net, шестмина припадници на Хусите загинаа, меѓу кои и командантот на Хусите, мухамед Хасан Авфан, во судирот со воените сили во подрачјата Китаф и Бука.
Се вели дека коалициските сили под водство на Саудиска Арабија извршиле пет воздушни напади во овие подрачја.
Хусите не излегоа со соопштение околу случајот.
Во Јемен веќе подолг период владее политичка нестабилност и судири меѓу движењето на Хусите и силите на легитимната власт во Јемен. Движењето на Хусите од септември 2014 година го зазеде главниот град на Јемен, Сана, како и некои околни подрачја.
Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија од март 2015 година ѝ пружаат поддршка на владата на Јемен во борбата против Хусите.