Said İbicioğlu
11 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АДЕН (АА) - Абдула ал Ајаши, директорот за криминалистички истраги во јеменската покраина Шевбе, истакна дека Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ги поддржуваат оние што ги саботираат нафтоводите во Јемен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за катарската телевизија „Ал Џезира“ Ајаши истакна: „Обединетите Арапски Емирати поддржува одредени групи за повторна саботажа на нафтоводите во Шевбе.“
Ајаши изјави дека за време на распитот на припадници на милицијата на Јужниот транзициски совет, поддржана од ОАЕ, признале дека извршиле саботажа на нафтоводите.
Откако владините сили ја презедоа контролата над Шевбе во 2019 година, се случија многу напади насочени кон безбедносните сили, контролните пунктови и нафтените полиња.
Владините претставници за овие напади ги обвинуваат вооружените елементи на Јужниот транзициски совет, поддржани од ОАЕ.
Челниците на покраините Хадрамевт, Шебве, Мехра, Ебјен и Сокотра, кои се наоѓаат на југот од Јемен, во своите изјави истакнаа дека го отфрлаат прогласувањето на автономија и вонредна состојба на југот на земјата од страна на Јужниот транзициски совет, и дека го поддржуваат претседателот Абдурабу Мансур Хади.