Mohamad Misto,Selen Temizer
22 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК се обидува да го сокрие масакрот извршен по окупацијата на последната област, која беше под контрола на мал број припадници на ДАЕШ во Деир ез Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од локални извори, ЈПГ/ПКК им забрани на новинарите да влегуваат во областа, откако на социјалните медиуми беа објавени снимки од масакрот во Багоз. ЈПГ/ПКК на 19 март целосно ја окупираше областа Багоз.
ЈПГ/ПКК им ги конфискува мобилните телефони на членовите на организацијата кога влегуваат во областа.
Во меѓувреме, членовите на терористичката организација ги собираат мртвите тела за да ги избришат трагите на масакрот и ги изнесуваат надвор од областа.
Изворите, исто така, истакнуваат дека терористичката организација ја зема облеката на убиените цивили, а на преживеаните им го ограбува имотот.
- Барање помош за жените и децата
Националната коалиција на сириските револуционерни и опозициски сили (SMDK) во писмената изјава обрнува внимание на алармантната ситуација во Багоз.
„Особено загрижувачка е состојбата на жените и децата. Повикуваме да се обезбеди заштита на жените и децата, исто така да се обезбеди здравствена и хуманитарна помош“, се вели во писмената изјава и се осудува тоа што ЈПГ/ПКК напаѓа без да има предвид дали се работи за деца или жени.
„Ниту една причина што ја истакнува коалицијата не може да го оправда тоа што се случува на теренот“, се нагласува во изјавата.
ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во октомври 2017 година го окупираше источен Деир ез Зор. Организацијата, исто така, со поддршка на САД, од септември 2018 година организира напади за да ги преземе сите територии окупирани од ДАЕШ во Деир ез Зор. На 19 март ЈПГ/ПКК ја освои и последната област контролирана од ДАЕШ во Деир ез Зор.
Сириската мрежа за човекови права (SNHR) во својот извештај објавен претходниот ден соопшти дека во нападите на коалицијата, што се спроведуваат од септември 2014 година во Рака и Деир ез Зор, убиени се 3.035 цивили, од кои 924 се деца, а 656 жени. Во извештајот исто така стои дека од двата града вкупно 560.000 цивили се раселени.
Снимките објавени претходниот ден, по окупацијата на ЈПГ/ПКК со поддршка на САД во последната област што беше под контрола на ДАЕШ во Деир ез Зор, ја открија ужасната состојба во таа област.
Десетици цивили, вклучувајќи жени и деца, чекаа беспомошно меѓу стотици мртви тела на цивили и членови на ДАЕШ.