Erkan Avci
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери предупреди дека е неизвесен опстанокот на единственото палестинско раководство доколку се продолжи трендот на раст на палестинско-израелските тензии и предупреди дека кризата на палестинските власти претставува дополнителен безбедносен ризик во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Кери присуствуваше на годишната конференција на на Форумот Сабан на вашингтонскиот Институт "Brookings" и во таа прилика ги повика палестинските и израелските лидери на "конструктивна реторика" , за да се почестите инциденти бидат надминати.
Истакнувајќи дека Израел има право на самоодбрана, Кери рече дека никако не можат да се оправдаат нападите врз цивилното население.
Нагласуваќи дека кризата може да се реши исклучиво со обострано залагање, шефот на американската дипломатија Кери ги повика палестинските лидери да вложат напори во правец на запирање на антиизраелско насилство, додека израелските лидери ги повика да не дозволат поттикнување на политичката поделба во паленстинското раководство.
"Доколку не ја има палестинската власт, Израел ќе биде одговорен за цивилната администрација на Западниот брег. Тоа би чинело милијарди долари. Без палестинските сили на безбедност, Израел би морал на неодредено време да ангажира децетици илјади војници на Западниот брег" , предупреди Кери.
Нагласувајќи дека решението на израелско-палестинскиот конфликт е можно исклучиво со воспоставуање на двете држави, Кери рече дека другите решенија би претставувале закана на опстанокот на Израел како демократска и еврејска држава.
Кери остро ги критикуваше израелските власти поради изградбата на новите евејски населби и порача дека таквата политика наметнува низа прашалници за долгорочни планови на Израел.