İnci Gündağ
30 Јуни 2017•Ажурирај: 01 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, ги повика сите меѓународни партнери да се обединат кога станува збор за барањето одговорност за нападот на Идлиб, на 4. април оваа година, за кој е потврдено дека е користено хемиско оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон испрати писмена изјава по денешната објава на извештајот за истрагата на нападот во сирискиот регионот Хан Шејхун, кој на почетокот од април оваа година го извршија силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад.
И според претходните процени на Велика Британија, зад овој грозоморен напад стоеше режимот на Асад. Ги покануваме сите наши меѓународни партнери да се обединат во барањето одговорност и казнувањето на оние што го извршија, рече Борис Џонсон, министер за надворешни работи на Велика Британија.
Тој додаде дека во битката ќе биде вклучен и механизам на заедничка истрага на Обединетите нации и на ОЗХО.
Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) денес потврди дека на 4. април, во нападот врз сирискиот град Идлиб е користено хемиско оружје, поточно гас сарин.
Во нападот загинаа околу 100 луѓе, а повеќе од 500 лица ги почуствуваа последиците од вдишувањето на отровните гасови.