Bakir Tiro
23 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ЛОНДОН (АА) - Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, ги негираше наводите на одредени медиуми дека може да ја напушти клупата на англискиот великан и во следните денови повторно да стане тренер на Реал Мадрид.
„Овде сум среќен, и моментално размислувам само за Манчестер Јунајтед. Сакам да останам до последниот ден од договорот, па и подолго“, изјави Мурињо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, вечерва, 23 октомври, од 21:00 часот на „Олд Трафорд“ ќе го играат мечот од третото коло на групата Х од Лигата на шампиони на УЕФА против Јувентус, во кој Мурињо се надева дека неговиот тим може да победи и од „старата дама“ да ја преземе лидерската позиција на табелата.