Recep Şakar
11 Септември 2018•Ажурирај: 12 Септември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Австралискиот карикатурист Марк Најт наиде на голем број критики и е обвинет за расизам поради карикатурата во која ја тематизираше реакцијата на американската тенисерка Серена Вилијамс кон судијата во финалето на УС Опен, јавува Anadolu Agency (AA).
Најт, чија карикатура е објавена во дневниот весник „Хералд сан“ (Herald Sun), ги негираше наводите дека карикатурата за Серена Вилијамс содржи елементи на расизам или полова дискриминација.
Познатиот карикатурист изјави дека преку телевизиски пренос го гледал финалниот меч на УС Опен меѓу Вилијамс и Јапонката Наоми Осака, и дека преку својата карикатура само сакал да го прикаже „непримерното однесување на тенисерката на терен“.
На карикатурата на Марк Најт може да се види Серена Вилијамс како плачејќи скока по својот скршен рекет, а во кадарот може да се забележи детска цуцла. Во вториот дел може да се види противничката на Серена, Осака, нацртана со руса коса и светол ден, на која судијата ѝ вели: „Можеш ли едноставно да ја пуштиш таа да победи?“
Карикатурата на Најт наиде на голем број критики и осудувања на социјалните мрежи, а британската писателка Џ. К. Роулинг, неговата карикатура ја спореди со карикатурите од минатото во кое за цел се земаа Афроамериканците.
Во статијата објавена во „Вашингтон пост“ (Washngton Post) наведено е дека во карикатурите цртите на лицето на Серена Вилијамс се слични на оние кои се користени за навредливо и погрдно прикажување на црномурестите лица во 19 и 20 век.
Голем број корисници на социјалните мрежи укажаа на деталот дека јапонската тенисерка е нацртана со руса коса и светол тен.