Muhammed Boztepe
24 Јули 2024•Ажурирај: 30 Јули 2024
ПАРИЗ (АА) – Новинската агенција Анадолу прати искусен тим од новинари во Париз и ќе објавува вести од Летните олимписки игри на 13 јазици, јавува Анадолу.
Олимписките игри во Париз започнуваат на 26 јули, а Анадолу на своите корисници ќе им презентира вести, фотографии и видеа од овој најголем спортски настан во светот.
Покрај рутинските и ексклузивните вести, Анадолу ќе подготвува и инфографика за интересни детали од Олимпијадата.
Така, Анадолу ќе пласира содржини за корисници на 13 јазици: турски, англиски, македонски, арапски, руски, француски, БХСЦ, шпански, сорани, персиски, индонезиски, албански и курманџи.
Анадолу ќе споделува и содржини од Олимпијадата на социјалните мрежи со ознака „#Paris2024“.
Новинарите на Анадолу ќе ги следат настаните во Париз до 11 август, за кога е најавена церемонијата на затворање на Олимпијадата.
Репортерскиот тим на Анадолу на Олимпијадата во Париз се состои од новинарите Ерџан Чакар, Мукамед Бозтепе, Божан Меми, фоторепортерите Атјтач Унал, Мустафа Чифтчи, Мехмет Мурат Онел и Мустафа Јалчин.