Yunus Kaymaz
07 Септември 2018•Ажурирај: 08 Септември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) – Во последниот годинашен тениски гренслем турнир сезонава УС Опен, во женското финале ќе играат Серена Вилијамс и Наоми Осака, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во турнирот кој се оддржува во американскиот град Њујорк, 36-годишната американска тенисерка Вилијамс во полуфиналниот меч се сретна со Летонката Анастасија Севастова, која е 19-та носителка на турнирот.
Вилијамс, која се бори за својата 24. гренслем титула, во мечот кој траеше 66 минути, триумфирајќи со 2-0 во сетови (6-3, 6-0), стигна до финалето.
Во втората полуфинална пресметка, Јапонката Наоми Осака, ја совлада 14-тата носителка, Американката Медисон Кис, исто така со 2-0 (6-2, 6-4) во сетови, и за првпат во својата кариера се пласираше во финале на еден гренслем турнир.
Јапонката Осака имала само една година кога Серена Вилијамс за првпат освоила гренслем титула. Осака, со успехот во полуфиналната пресметка, стана првата јапонска тенисерка која се пласираше во финале на гренслем турнир.
Финалната пресметка помеѓу Вилијамс и Осака ќе се одигра утре.