Hüseyin Burak Demirer
27 Август 2021•Ажурирај: 29 Август 2021
АНКАРА
Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со дванаесеттата трка во сезоната која ќе се одржи во Белгија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Белгија (Belgium Grand Prix) на патеката „Спа-Франкоршампс“, која е долга 7 километри и се наоѓа во подрачјето Ставело во белгискиот град Лиеж, возачите ќе треба да извозат 44 круга.
В сабота со почеток во 15:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Белгија е закажана за в недела, 29 август, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
Пласман на пилоти:
1. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 195 поени
2. Макс Верстапен (Холандија): 187 поени
3. Ландо Норис (Велика Британија): 113 поени
4. Валтери Ботас (Финска): 108 поени
5. Серџо Перез (Мексико): 104 поени
Пласман на тимови:
1. Mерцедес: 303 поени
2. Ред Бул: 291 поен
3. Ферари: 163 поени
4. Мекларен: 163 поени
5. Алпин: 77 поени