Admir Fazlagic
24 Август 2017•Ажурирај: 25 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот фудбалски клуб Вардар во возвратниот натпревар против турскиот Фенербахче славеше со 1-2, и со тоа, по победата од 2-0 на домашен терен во Скопје, Вардар успешно ја мина последната пречка во квалификациите за пласман во групите од Лига Европа, со што стана првиот македонски фудбалски клуб кој успеал да избори место во групите од некое елитно европско клупско натпреварување, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првото полувреме иницијативата и доминацијата ја имаше тимот на Фенербахче а шанси имаше и гостинскиот тим Вардар. Иако и двата тима имаа шанси првото полувреме заврши без голови а во второто полувреме Фенербахче поведе со 1-0 со погодокот на Роман Нојштадтер во 61. минута.
Македонскиот првак Вардар сепак успеа да израмни на 1-1.Напаѓачот на Вардар, Џигаури, беше стрелец на голот за историја во 68. минута.
Откако играчите на „црвено-црните" имаа уште две шанси и не успеаа да постигнат гол, тоа му успеа на Глигоров, кој со голот во 91. минута ги постави конечните 1-2 од мечот во Истанбул по асистенција на Барсегјан во контра напад.
Мечот на „Шукру Сарачоглу“ арената го судеше полскиот судија Марчин Бонијек.