Mutlu Demirtaştan
10 Ноември 2022•Ажурирај: 14 Ноември 2022
ИСТАНБУЛ (АА)
– Мутлу ДЕМИРТАШТАН
На досега одиграните светски фудбалски првенства постигнати се 2.548 гола на вкупно 900 натпревари, а титулата за најдобар стрелец со гордост ја носи Германецот Мирослав Клосе, пишува Агенција Анадолија (АА).
Клосе, кој четирипати учествуваше на светските првенства со Германија, постигна по пет гола во 2002 и 2006 година, четири гола во 2010 година и два гола во 2014 година. Клосе 16 пати ја затресе противничката мрежа на мундијалите и стана најдобриот стрелец во историјата на светските првенства.

По Клосе следува Бразилецот Роналдо со постигнати 15 гола, а потоа германскиот фудбалер Герд Милер со 14 гола, Французинот Жуст Фонтен со 13 и Бразилецот Пеле со 12 гола.
Вака изгледа листата на најдобри стрелци во историјата на светските фудбалски првенства:
Фудбалер | Држава | Голови | Првенства |
Мирослав Клосе | Германија | 16 | 2002, 2006, 2010, 2014. |
Роналдо | Бразил | 15 | 1994, 1998, 2002, 2006. |
Герд Милер | Германија | 14 | 1970, 1974. |
Жуст Фонтеин | Франција | 13 | 1958. |
Пеле | Бразил | 12 | 1958, 1962, 1966, 1970. |
Јирген Клинсман | Германија | 11 | 1990, 1994, 1998. |
Шандор Кочиш | Унгарија | 11 | 1954. |
Габриел Батистута | Аргентина | 10 | 1994, 1998, 2002. |
Гери Линекер | Англија | 10 | 1986, 1990. |
Томас Милер | Германија | 10 | 2010, 2014, 2018. |
Хелмут Ран | Германија | 10 | 1954, 1958. |
Теофиљо Кубиљас | Перу | 10 | 1970, 1978, 1982. |
| Гжегож Лато | Полска | 10 | 1974, 1978, 1982. |
Еузебио | Португалија | 9 | 1966. |
Адемир | Бразил | 9 | 1950. |
Жаирзињо | Бразил | 9 | 1966, 1970, 1974. |
Вава | Бразил | 9 | 1958, 1962. |
Давид Вила | Шпанија | 9 | 2006, 2010, 2014. |
Карл-Хајнц Румениге | Германија | 9 | 1978, 1982, 1986. |
Уве Силер | Германија | 9 | 1958, 1962, 1966, 1970. |
Роберто Баџо | Италија | 9 | 1990, 1994, 1998. |
Паоло Роси | Италија | 9 | 1978, 1982, 1986. |
Кристијан Виери | Италија | 9
| 1998, 2002. |
- Фонтен постигна 13 гола на еден мундијал
Најдобар стрелец на еден мундијал е Французинот Жуст Фонтен, кој во 1958 година во Шведска постигна 13 гола и така постави тешко достижен рекорд.
До денес само тројца играчи имаат постигнато 10 или повеќе голови на турнир. Заедно со Фонтен, Унгарецот Шандор Кочиш во 1954 година постигна 11 гола, а Германецот Герд Мулер во 1970 година успеа да постигне 10 гола.
- Пет гола на еден натпревар постигна Саленко
Русинот Олег Саленко ја носи титулата фудбалер кој постигнал најмногу голови на еден натпревар на едно светско првенство. Саленко рекордор од пет гола го постигна против Камерун на турнирот одржан во Соединетите Американски Држави во 1994 година.
Играчи кои имаат постигнато четири гола на еден натпревар од мундијалите:
Емилио Бутрагењо (Шпанија): 1986. против Данска
Еузебио (Португалија): 1966. против Северна Кореја
Жуст Фонтен (Франција): 1958. против Западна Германија
Шандор Кочиш (Унгарија): 1954. против Западна Германија
Адемир (Бразил): 1950. против Шведска
Хуан Скјафино (Уругвај): 1950. против Боливија
Ернст Вилимовски (Полска): 1938. против Бразил
Густав Ветерсторм (Шведска): 1938. против Куба
- Најдобри стрелци на најголем број турнири
Во историјата на светските фудбалски првенства постојат четворица играчи кои постигнале гол на четири турнири.
Бразилецот Пеле и Германецот Уве Силер постигнаа голови на турнирите на кои играа во 1958, 1962, 1966 и 1970 година.
Португалецот Кристијано Роналдо постигна голови на мундијалите во 2006, 2010, 2014 и 2018 година, а Германецот Мирослав Клосе во 2002, 2006, 2010 и 2014 година.