Yunus Kaymaz
22 Април 2022•Ажурирај: 23 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Светскиот шампионат во Формула 1 продолжува со четвртата трка сезоната која ќе се одржи во Италија, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда „Емилија-Ромања“ (Emilia-Romagna Grand Prix) на патеката „Имола“ која се наоѓа во италијанскиот град Имола и е долга 4.909 метри, возачите ќе треба да извозат 63 круга.
Денеска со почеток во 17:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда „Емилија-Ромања“ е закажана за в недела, 24 април, со почеток во 15:00 часот.
Пред трката на пистата во Имола, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Шарл Леклер (Монако): 71 поен
2. Џорџ Расел (Велика Британија): 37 поени
3. Карлос Саинс (Шпанија): 33 поени
4. Серџо Перез (Мексико): 30 поени
5. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 28 поени
- Пласман на тимовите:
1. Ферари: 104 поени
2. Мерцедес: 65 поени
3. Ред Бул: 55 поени
4. Мекларен: 24 поени
5. Алпин: 22 поени