ИСТАНБУЛ
Возбудата на Светското првенство во Формула 1 продолжува со трката за Големата награда на Турција, чиј домаќин е Истанбул, известува Агенција Анадолија (АА).
Шеснаесеттата трка оваа сезона ќе се одржи на патеката „Интерсити Истанбул парк“, долга 5.338 метри, а победник ќе биде оној возач кој најбргу ќе ги извози зададените 58 круга.
Квалификациските трки за полпозициите ќе започнат утре со почеток во 14:00 часот. Стартот на трката е закажaн за в недела, 10 октомври, во 14:00 часот.
Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, еден од возачите што се бори за шампионската титула, извојува седум победи на овогодишниот Шампионат во Формула 1, додека Луис Хамилтон од Мерцедес, актуелниот шампион во Формула 1, победи на пет трки до трката за Големата награда на Турција.
Освен овие двајца возачи, по една победа во Формула 1 сезонава извојуваа Серхио Перез, колегата на Верстапен, Естебан Окон од Алпин и Даниел Рикардо од Мекларен.
На трката за Големата награда на Турција, која минатата година се одржа без публика поради воведените мерки против ширењето на епидемијата на Ковид-19, оваа година љубителите на Формула 1 ќе можат да го исполнат половината од капацитетот на трибините.
Распродадени се речиси сите 100.000 билети што се пуштени во продажба за трибините на патеката „Интерсити Истанбул парк“, која е со капацитет од 240.000 луѓе.
Откако Велика Британија ја отстрани Турција од црвената листа на критични земји поради епидемијата на коронавирусот, се очекува околу 40.000 странски љубители на Формула 1 да ја следат трката од трибините овој викенд.
Повеќе од 100 претставници на медиумите, од кои 70 странски, ќе ја следат трката за Големата награда на Турција.
Екипите учеснички во натпреварувањето на Формула 1, по напорната работа ги завршија подготовките. На Аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ за учество на трката слетаа 10 џамбо-џет авиони (авион со широк труп), додека на пристаништето во Пендик бродовите истоварија материјал со големина од 500 шлепери.
Шпанецот Карлос Саинц, возач на Ферари, поради четвртата замена на моторот на својот болид, трката за Големата награда на Турција ќе ја започне од последната позиција.
ФИА на секој возач му дава право трипати да го замени моторот во сезоната.
На трката за Големата награда на Русија што се одржа на 26 септември, Шарлс Леклер, колегата на Саинц и Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, исто така, трката ја започнаа од последната позиција поради истата причина.
Луис Хамилтон и Макс Верстапен, двајцата најголеми кандидати за освојување на Шампионатот во Формула 1, пред трката за Големата награда на Турција ќе стартуваат со два бода разлика.
Табелата на првите петмина возачи во Формула 1 пред 16. трка во Турција:
Луис Хамилтон (Велика Британија): 246,5 бода
Макс Верштапен (Холандија): 244,5 бода
Валтери Ботас (Финска): 151 бода
Ландо Норис (Велика Британија): 139 бода
Серхио Перез (Мексико): 120 бода
Жестока борба се води и за освојување на шампионатот на Формула 1 во екипна конкуренција.
Пред трката за Големата награда на Турција, тимот на Мерцедес го зазеде првото место со 397,5 поени. Најголемиот ривал на Мерцедес, тимот на Ред Бул, е на второто место со 364,5 поени.
Табела на првите пет тима во Формула 1 пред трката за Големата награда на Турција:
1. Мерцедес: 397,5 бода
2. Ред Бул: 364,5 бода
3. Мекларен: 234 бода
4. Ферари: 216,5 бода
5. Алпин: 103 бода
news_share_descriptionsubscription_contact
