Cüneyt Karadağ
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
БЕРЛИН (АА) - Управата на германскиот фудбалски клуб Волфсбург го отпушти комплетниот стручен штаб, предводен од главниот тренер Андрис Јонкер, јавува Anadolu Agency (AA).
Од клубот е потврдено дека холандскиот експерт Јонкер, како и неговите соработници Уве Шпидел, Фредрик Љунгберг и Јан ван Лун, од денес не се во стручниот штаб на Волфсбург.
Портпаролот на клубот, Волфганг Хотце, изјави дека тоа не била лесна одлука, но Управата на Волфсбург му посакува среќа на отпуштениот стручен штаб.
Во првите четири натпревари од Бундеслигата, Волфсбург освои четири поени, што е под очекувањата на навивачите и на управата, а медиумите во Германија лошото отворање на сезоната го наведуваат како главна причина за отпуштањето на стручниот штаб.
Волфсбург веќе бара нов шеф на стручниот штаб, а досега најчесто се споменува името на швајцарскиот експерт Рене Вајлер.