Yunus Kaymaz
12 Мај 2018•Ажурирај: 13 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Парис Сен Жермен (ПСЖ), Дани Алвес, ќе го пропушти претстојното Светско првенство во Русија поради повреда на коленото, јавува Anadolu Agency (AA).
Алвес се здоби со повредата во финалето на Купот на Франција, а Фудбалскиот сојуз на Бразил денес соопшти дека ќе биде подложен на операција и дека нема да има доволно време да закрепне за Светското првенство.
Алвес играше за Репрезентацијата на Бразил на последните две светски првенства, а за националниот тим досега имаше 107 настапи, од дебито во 2006 година.
Репрезентацијата на Бразил првиот меч на Мундијалот го игра против Швајцарија, на 17 јуни. Во Групата Е се наоѓаат уште и Србија и Костарика.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.