Dejan Maksimovic
07 Ноември 2017•Ажурирај: 07 Ноември 2017
ЛОНДОН (АА) - Дејвид Мојс е назначен за нов менаџер на Вест Хем Јунајтед и ќе го замени хрватскиот тренер Славен Билиќ, кој вчера доби отказ, јавува Anadolu Agency (AA).
Раководството на клубот не чекаше долго и веќе денес постигна договор со шкотскиот тренер. Од клубот објавија дека со Мојс е потпишан договор на шест месеци.
„Се радувам на средбата со навивачите, да бидам со нив на стадионот и да гледам како стојат зад тимот. Едвај чекам да го запознаам и тимот. Потребни ни се сите. Ни претстои голема работа, но убеден сум дека сите заедно можеме да постигнеме добри резултати од сега, па до крајот на сезоната“, рече Мојс.
Дејвид Мојс во текот на кариерата како тренер ги водеше Престон, Евертон, Манчестер Јунајтед, Реал Сосиедад и Сандерленд.