Admir Fazlagic
16 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Репрезентацијата на Македонија оствари втора победа на ракометното Европско првенство во Хрватска, со што обезбеди пласман во втората фаза, јавува Anadolu Agency (AA).
Во хрватската престолнина Загреб, репрезентативците на Македонија беа подобри од репрезентативците на Црна Гора и победија со 29:28, освојувајќи максимални четири бода и прво место на табелата во Ц-групата по две одиграни рунди.

Најефикасни во победничкиот тим на репрезентацијата на Македонија беа Филип Кузмановски со пет, Кирил Лазаров и Дејан Манасков со по четири погодоци.
Инаку, претходно, во првиот дуел од оваа група Германија и Словенија одиграа нерешено 25:25.
Табела Ц-Група: Македонија 4 бода, Германија 3, Словенија 1, Црна Гора 0.
„Црвено-жолтите“ во третото коло в среда ќе играат со репрезетацијата на Германија во дуел за првото место на табелата.