Abdulkadir Karakaya
08 Септември 2020•Ажурирај: 09 Септември 2020
АНКАРА
Ешли Барти, тенискиот рекет број 1 на ВТА-листата на тенисерки и освојувачка на „Франција опен“ (Ролан Гарос) во Париз минатата година, објави дека нема да учествува на овој турнир поради пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), известува Агенција Анадолија (АА).
Тенисерката од Австралија (24) преку својот профил на социјалните мрежи објави дека оваа година нема да учествува на „Ролан Гарос“ поради здравствените ризици што со себе ги донесе коронавирусот.
Барти, поради превентивните мерки воведени во Австралија како заштита од ширењето на Ковид-19, немала можност доволно да се подготви со својот тренер, истакнувајќи дека тоа влијаело на нејзината одлука.
Тенискиот турнир „Ролан Гарос“, што вообичаено се организира во периодот мај-јуни, поради пандемијата на коронавирусот е презакажан за периодот од 21 септември до 11 октомври.
Барти, која минатата сезона победи на „Франција опен“ и ја освои својата прва грен слем титула, годинава се повлече и од „УСА опен“, а како причина ја посочи пандемијата на Ковид-19.