Oktaj Omeragik
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Неделава се играат последните натпревари од редовната сезона во американската Национална кошаркарска лига НБА. Вечерва и во раните утрински часови в четврток ќе се одиграат последните натпревари од НБА, по што ќе следуваат плејоф-натпреварите по конференции, пишува Anadolu Agency (AA).
Со последните 22 натпревари кои ќе се одиграат наредните два дена, завршува редовниот тек на најатрактивната кошаркарска лига во светот, американската НБА. Редовниот тек на натпреварувањето во НБА е организиран во две конференции, Источна и Западна конференција. Во двете конференции партиципираат по 15 кошаркарски тимови, во зависност од местото од кое потекнуваат.
Во редовниот дел од натпреварувањето секој тим одигрува 82 натпревари, 41 на домашен и 41 на гостински терен. Целиот овој натпреварувачки тек во НБА е распределен во шест месеци, така што тимовите во просек играат 3 натпревари неделно.
Во 1995 година НБА се прошири и на територијата на Канада. Во таа година на НБА ѝ се приклучија Ванкувер Гризлис и Торонто Репторс, но во 2001 година Гризлис ја промени локацијата во Мемфис, по што Репторс остана единствениот претставник на Канада во НБА.
По редовниот тек на сезоната, најдобро пласираните 8 екипи од секоја конференција играат плејоф во сопствените конференции за нејзин шампион. Оваа година плејофот започнува на 13 април.
Учесниците во плејофот се среќаваат според распоредот на табелата, и тоа 1-8, 2-7, 3-6 и 4-5. За пласман во наредната фаза потребно е да се извојуваат четири победи, а натпреварите се според шемата 2-2-1-1-1 (распоред дома-гости). Подобро пласираната екипа има предност средбите да ги започне на домашен терен.
По одигрувањето на финалето по конференции, победниците ќе се сретнат во финалето на НБА закажано за 30 мај.
Последите 22 натпревари во НБА лигата ќе се одиграат вечер по полноќ и во раните утрински часови в четврток. Распоредот на натпреварите е следен:
- 10 април (по полноќ)
Детроит Пистонс - Мемфис Гризли
Вашинтон Визардс - Бостон Селтикс
Кливленд Кавалирс - Шарлот Хорнетс
Мјами Хит - Филаделфија Севентисиксерс
Њу Орлеанс Пеликанс - Голден Стејт Вориорс
Чикаго Булс - Њујорк Никс
Минесота Тимберволвс - Торонто Репротс
Далас Маверикс - Феникс Санс
Јута Џез - Денвер Нагетс
Оклахома Сити Тандерс - Хјустон Рокетс
Лос Анџелес Лејкерс - Портланд Треил Блејзерс
- 11 април (по полноќ)
Шарлот Хорнетс - Орландо Меџик
Сан Антонио Спарс -Далас Маверикс
Филаделфија Севентисиксерс - Чикаго Булс
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс
Њујорк Никс - Детроит Пистонс
Атланта Хоукс - Индијана Пејсерс
Милвоки Бакс - Оклахома Сити Тандерс
Бруклин Нетс - Мајами Хит
Денвер Нагетс - Минесота Тимберволвс
Лос Анџелес Клиперс - Јута Џез
Портланд Треил Блејзерс - Сакраменто Кингс