Dejan Maksimoviç
16 Април 2016•Ажурирај: 17 Април 2016
САРАЕВО (АА) - Повеќе од стотина веслачи на реката Сава тргнаа на кајакарска тура "Balkan Rivers Tour“, со која неколку невладини организации, сакат да го оттргнат вниманието на лудило изградби на брани и хидроелектрани во подрачјето измеѓу Австрија и Албанија, на кои се планира изградба на повеќе од 2.700 нови хидроелектрани, јавува Anadolu Agency (AA).
Под водство на поранешниот словенски олимпиец Рок Розман, кајакарите од цела Европа во наредните 35 дена ќе веслаат по најубавите а воедно и најзагрозени реки на Балканот.
Пред службениот почеток на "Balkan Rivers Tour“, кајакарите се собраа на Бохињското езеро во Словенија, каде со чамци направија круг околу пораката "Save our Rivers – stop the dams“ ( Спасете ги нашите реки стоп за браните). Во следните пет недели кајакарите ќе превеслаат 18 реки во Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Македонија и Албанија. На патот во секоја држава ќе организираат неколку настани, со цел да ги поддржат локалните иницијативи, кои се борат против изградба на хидроелектрани.
"Оваа единствена акција ќе покаже дека реките на Балканот се многу повеќе. Тие се вени кои ствараат животен простор и нудат можност за рекреација. Мораме да го заштитиме оваа природно наследство од европски значај под алчноста на капиталот," изјави Улрих Ајхелман од "Riverwatch“, координатор на кампањата "Да го сочуваме синото срце на Европа".
Повеќето од плановите сеуште не се спроведени, но прашање на време е кога машините ќе проработат.
"Додека бев дете мојата најголема желба беше да го освојам олимпискот медал. Кога пораснав, мојата желба останува сочувување на нашите реки. Олимпискиот медал никогаш не го освоив, но нашите реки ќе ги спасам. Ги повикувам сите кајакари од цела Европа да ни се придружат на нашата турнеја и да ги подржат нашите напори", изјави Розман, иницијатор и водич на кампањата "Balkan Rivers Tour".
Не е случајност што турнејата започна во Словенија, на реката Сава, бидејќи нема дел од реката кој не е преграден со брана или за него да не постои план на изградба барем на мали хидроелектрани.
Завршниот чин на турнејата "Balkan Rivers Tour" ќе биде предавање на петиција за сочувување на реката Вјоса, на албанскиот премиер Едиј Рама, на 20ти мај во Тирана.
Од Словенија турнејата се сели во Хрватска, на реката Зрмањ, а притоа на реките Сана и Неретва во БиХ, каде кајакарејќи ќе организираат заедничко спуштање со понудувачите на рафтингот и кајакарење сод цел да испратат порака дека хидроелектраните не се во интерес на локалните заедници кои живеат од тие реки и нивните услуги. Завршниот чин на турнејата "Balkan Rivers Tour“ ќе биде предавање на петиција за сочувување на реката Вјоса, на албанскиот премиер Еди Рома, на 20 мај во Тирана.