Fatih Erel
12 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес во Мармарис, во југозападната турска област Мугла, започна четвртата етапа од 54. Претседателска велосипедска тура „Tour of Turkey“, јавува Anadolu Agency (AA).
Четвртата етапа започнува во Мармарис и ќе заврши во Селџук, со рута во должина од 205,5 километри.
Ирецот Сем Бенет, кој вози за тимот „Бора-Хансгрое“, победи во втората и третата етапа од 54. Претседателска велосипедска тура.
Аргентинецот Максимилијано Ричезе победи во првата етапа од турата во централната турска област Коња.
По вторпат, „Tour of Turkey“ се одржува во категоријата „Светски тури“.
- Шестдневна тура од 950 километри -
Оваа година во турата ќе учествуваат 20 тима од различни делови на светот, вклучувајќи го и турскиот национален тим, кои ќе учествуваат во 950-километарската трка во шест етапи.
Во организација на Турската велосипедска федерација, Претседателската велосипедска тура „Tour of Turkey“ своето деби го имаше во 1963 година, а две години подоцна стана меѓународна трка.
Во единствената од ваков вид велосипедска тура во светот што поврзува два континента, велосипедистите, исто така, ќе возат и низ тунелот „Евроазија“ под Босфорот, кој ги поврзува Европа и Азија.
Од тимовите на светската тура, 9 се дел од 140-те велосипедисти што ќе учествуваат во „Tour of Turkey“.
Оваа година, шестдневната тура започна вчера во Коња, а ќе заврши во Истанбул на 14 октомври.
Етапи:
Етапа 1: Коња - Коња / 9 октомври // 148,4 км
Етапа 2: Аланија - Анталија / 9 октомври // 149,6 км
Етапа 3: Фетије - Мармарис / 11 октомври // 132,7 км
Етапа 4: Мармарис - Селџук / 12 октомври // 205,5 км
Етапа 5: Селџук - Маниса / 13 октомври // 135,7 км
Етапа 6: Бурса - Истанбул / 14 октомври // 164 км