Doga Kirmizioglu
29 Јуни 2018•Ажурирај: 30 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Утре започнува возбудата на Светското фудбалско првенство 2018 во Русија со првите два осминафинални натпревари, јавува Anadolu Agency (AA).
Репрезентациите кои успеаја да ги освојат првите две позиции во своите групи, изборија пласман во осминафиналето на СП 2018 во Русија. Осминафиналните натпревари ќе се играат наредните четири дена.
Осминафиналните натпревари започнуваат утре со две средби. Во првата средба ќе се сретнат Франција и Аргентина, кои се едни од фаворитите на Светското првенство. Натпреварот ќе се игра на стадионот „Казањ Арена“ во Казањ, со почеток во 16:00 часот.
Во вториот осминафинален натпревар своите сили ќе ги одмерат репрезентациите на Уругвај и Португалија. Средбата ќе се игра на стадионот „Фишт“ во Сочи, со почеток во 20:00 часот.
Во осминафиналето на Светското фудбалско првенство пласман изборија 10 репрезентации од Европа (Португалија, Шпанија, Франција, Белгија, Англија, Русија, Данска, Шведска, Швајцарија, Русија), 5 од Латинска Америка (Бразил, Аргентина, Уругвај, Мексико, Колумбија) и една од Азија (Јапонија).

Парови од осминафиналето на СП Русија 2018:
30 јуни, сабота
16:00 Франција - Аргентина (стадион „Казањ Арена“ - Казањ)
20:00 Уругвај - Португалија (стадион „Фишт“ - Сочи)
1 јули, недела
16:00 Шпанија - Русија (стадион „Лужинки“ - Москва)
20:00 Хрватска - Данска (стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)
2 јули, понеделник
16:00 Бразил - Мексико (стадион „Космос Арена“ - Самара)
20:00 Белгија - Јапонија (стадион „Ростов“ - Ростов на Дон)
3 јули, вторник
16:00 Шведска - Швајцарија (стадион „Санкт Петербург“ - Санкт Петербург)
20:00 Колумбија - Англија (стадион „Спартак“ - Москва)