Ekip
17 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ПЈОНГЧАНГ (AA) - Томас Бах, претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) најави дека сите опции се можни кога е во прашање кандидатурата на Лос Анџелес и Париз за организирање на Летните олимписки игри 2024. година. Притоа, Бах мислеше на можноста двата града да го добијат правото да бидат организатори, едниот во 2024. година, а другиот четири години подоцна, јавува Anadolu Agency (AA).
Бах соопшти дека Одборот на ИОК побарал од четворицата потпретседатели да ја истражат можноста за промени во процесот за организација на Олимписките игри и да поднесат извештај во јули.
Тој во повеќе наврати најави дека е можно на состанокот којшто е закажан за септември во Лима, и двата кандидата за 2024. година, Лос Анџелес и Париз, да добијат право да бидат домаќини на игрите. Бах смета дека ИОК има два одлични кандидата, а четиричлената работна група ќе ги изнесе предлозите на Одборот.
Сите тие ќе се состанат во Лозана, каде што Лос Анџелес и Париз ќе ги претстават своите планови за организација на игрите 2024. година.
Само на состанокот на сите членови на ИОК може да се донесе одлука за промена на Олимписката повелба, која вели дека градот-домаќин мора да преземе обврски седум години однапред.